Владеачката ВМРО-ДПМНЕ во саботата децидно го повтори својот став дека не постои можност за одложување на датумот 24 март 2013 година, кога е предвидено одржување на редовните локални избори.Од владеачката партија нагласуваат дека цврсто стојат и на ставот дека не постои можност за било каков политички договор за предвремени парламентарни избори, ниту постои можност, како што се вели, за прифаќање на било какви уцени од страна на СДСМ.Притоа се истакнува дека сегашната криза е креирана директно од СДСМ и била планирана уште од јуни минатата година.Истовремено од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат внимателно ќе ги анализираат и ќе се произнесат по сите други идеи.Ова соопштението на ВМРО-ДПМНЕ уследи, откако дел од медиумите пренесоа изјава на потпретседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска во Струмица изјавил дека опозицијата е подготвена да оди на локални избори ако тие бидат одложени за две недели, без да бара предвремени избори.Заев во изјава дадена денеска во Струмица вели дека СДСМ доставила предлог со пет точки кои во голем дел се согласуваат со предлозите на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски за да се надминат несогласувањата.
МакфаксВладеачката ВМРО-ДПМНЕ во саботата децидно го повтори својот став дека не постои можност за одложување на датумо