Мицковски ќе организира протести, се сети после година дена на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ

На вчерашната седница ИК на ВМРО-ДПМНЕ по серија на критики од јавноста, е донесена одлука во наредниот период да организира протести со кои, како што наведува партијата, ќе се застане на патот на антинародната и криминална власт која секојдневно ја зацрнува судбината на македонските граѓани.
-Првиот протест се планира за среда, 28.11.2018 година, на точно една година од најцрниот и најмонструозно конструиран процес во кој што пратеници, заедно со уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам, соопштија од партијата.
Протестот ќе започне во 17 часот, ќе се тргне од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред Владата на Република Македонија.
Иако за воља на вистината треба да се каже дека сево ова наликува на алиби и по свадба тапани. Имено по доаѓањето на Мицковски протестите беа прекинати. И се до денеска тој не се произнесе за уставобранителите позитивно. Напротив имаше неколку настапи на ТВ каде што бараше истите да бидат судени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.