Внесете свежина со нежно допирање по телото на партнерот

За добра масажа најважна е подготовката. Значи, пред се, направете атмосфера, пуштете тивка и релаксирачка музика, изгаснете го светлото, запалете миризливи свеќи … На ред е креветот – ставете некоја мека, нежна прекривка, наредете перничиња и подгответе пешкири (може ќе ви затребаат). Последната фаза од подготовката е да станете недостапни за сите. И да, никако не заборавајте го маслото за масирање – одберете некое квалитетно и по можност со омилениот мирис на партнерот.

Започнете да масирате. Правете го тоа со љубов и нежно. Почнете од грбот, па постепено преминувајте кон другите делови од телото. Партнерот особено ќе ви биде благодарен и ќе ви надомести ако се задржите на листовите од нозете и стапалата. Не масирајте силно зошто не сакате да се изморите токму пред најинтересниот дел. Кога ќе почувствувате дека потполно се предал и заборавил на се околу себе, шепнете му да се концентрира само на вашите прсти. Сега е моментот да преминете на интимните делови. Уживајте!

Бидејќи сигурно после масажата ќе падне секс, морате да знаете дека маслото ги уништува кондомите од латекс, затоа купете кондом што не е изработен од латекс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.