Внимавате што јадете, а не можете да ги намалите килограмите? Сигурно ја правите оваа грешка!

Давате сè од себе, се трудите, се храните здраво и вежбате, но резултатот изостанува. Според нутриционистите, едно нешто на кое забораваме се течните калории.
Размислете дали пиете чаша вино со ручекот, сок, индустриски ладни чаеви, газирани пијалаци…
Ако погледнете на декларацијата на овие производи, ќе видите дека всушност, содржат многу калории, но и додатоци и адитиви кои го попречуваат вашиот процес на слабеење.


Секако, решението за ова е да пиете вода и незасладени чаеви и да не се потпирате на маркетингот за диеталните производи. Наместо тоа, наполнете ја својата чинија со зеленчук богат со растителни влакна, фокусирајте се на квалитетни јаглехидрати, не заборавајте на протеините и за ужина изберете овошје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.