Внимавајте! Бактерии има во секоја шолја за кафе

Со колегите во канцеларија, веројатно секојдневно разговарате со кафе или чај, но сигурно не сте помислиле колку шолјите од кои пиете можат штетно да влијаат на вашето здравје.
Студија од Универзитет во Аризона покажала дека 20 отсто од шолјите содржат бактерии, а за нивно ширење допринесуваат сунѓерчињата за миење на садовите.


Бактериите биле откриени во секоја петта шолја пред да биде измиена, додека потоа, верувале или не, тие биле присутни во секоја. За работата да биде уште полоша, во 20 отсто од случаевите, најдена е бактеријата ешерихија коли.
Па така, наместо да се грижите за тоа колку шеќер сте ставиле во кафето, би било многу подобро да се погрижите од што го пиете кафето.
Експертите советуваат од дома да си носите шолја или барем да ја измиете со чист сунѓер и детергент, пред во неа да го ставите штотуку свареното кафе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.