Заради наводната порно афера со фудбалерот Огњен Врањеш на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша драстично и скокна цената на настапите. Овој викенд за пет часа пеење таа ќе заработи дури 40.000 евра, дознава добро информиран српски извор.
Јелена вечерва настапува во Виена, а во сабота ќе ги забавува обожавателите во Амстердам и за секој настап, верувале или не, ќе добие по 20.000 евра. Според тврдењата на изворот пред порно-скандалот таа земала околу 12.000 евра од настап, но сега сакаат да ја видат ширум Европа, па нејзините менаџери драстично ја зголемија цената.
По објавувањето на нејзините разголени фотографии и пораките кои ги разменувале со Врањеш, а кои веќе се објавени во медиумите, Јелена е ѕвезда број еден на естрадата. Порно аферата само дополнително и ја дигна цената. Менаџерите на сите поголеми клубови во Европа сакаат да ја ангажираат. Со тоа што веднаш замина во Кина и речиси две седмици никаде не настапуваше, таа дополнително ја “запали“ публиката. Сега може да бара колку сака пари, затоа што сите ќе дојдат да ја видат, без оглед на тоа колку ќе чини влезницата, изјавува за изворот познат естраден менаџер, додавајќи дека нејзиниот настап на доделувањето на MAC и новата нумера “LaJK“ во моментов се полн погодок…