Внимавајте доколку одите на одмор на Јадранско Море- се појави отровната „компас-медуза“

Крај хрватскиот брег на Јадранското Море се појави отровната „компас-медуза“, за којашто експертите предпредуваат дека воопшто не смее да се допира, оти предизвикува тешки повреди.
Компас-медузата (Chrysaora hysoscella) е всушност вид што живее во крајбрежните води на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Има жолто-темносивкасто тело коешто личи на компас и кое може да порасне и до 30 сантиметри во ширина, а краците и до еден метар должина. Краците се вкупно 24 на број.


Се претпоставува дека компас-медузите живеат една година. Се хранат со зоопланктони, а природен непријател им се морските желки и океанската сончева риба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.