Внимавајте: Колку долго по отворањето може да чувате шише со вино?

И покрај тоа што шампањот може многу брзо да го изгуби својот сјај откако ќе биде отворен, тој сепак може да се пие и до три дена подоцна, но само ако шишето е со тапа. Кога станува збор за белите и розе вина, отворените шишињата, кога се чуваат во фрижидер, можат да се пијат и до една недела, ако се затворени со тапа.
Според Маделин Пукет, одредени италијански и француски бели или розе вина имаат дури и подобар вкус откако неколку дена ќе стојат отворени.
„Повеќето бели и розе вина можат да се пијат и до една недела откако ќе ги отворите ако ги чувате во фрижидер. Но, ќе забележите како вкусот суптилно се менува откако виното ќе почне да оксидира. Некои вина дури и ќе ви имаат подобар вкус отколку првиот ден, вклучувајќи ги и оние вина кои доаѓаат од постудена клима“, изјавила таа.


Вината со помала киселост имаат тенденција да траат пократко од посветлите вина, па токму затоа тие можат да се пијат од 3 до 5 дена откако ќе се отворат и чуваат во фрижидер. Повторно, тие мора да бидат затворени со тапа или нивното времетраење ќе се намали за половина.
Црвените вина можат да издржат од 3 до 5 дена на ладно и темно место. Вие можете да ги сместите и во фрижидер со цел тие да траат подолго. Но, не сите црвени вина ја имаат истата моќ на траење. Оние кои имаат многу мало количество танин, ќе се расипат побрзо од оние со повеќе. Од друга страна пак, оние вина кои содржат бренди во нив ќе траат многу подолго од сите останати.
Едно правило кое треба да го имате на ум е тоа дека колку е послатко виното, толку подолго ќе трае, но мора да се погрижите да го чувате добро затворено, на ладно и темно место. Исто така имајте на ум дека оние вина кои се во кутија или картон, можат да траат и до 28 дена во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.