Пократките денови и повеќе време за размислување често отвораат врата кон негативни мисли, а некои хороскопски знаци ќе бидат почувствителни од вообичаеното овој Божиќ, поради што треба посебно да се грижат за своите срца, пишуваат астролозите на Collective World.
Овен
Познати сте по вашата страсна природа и склоност лесно да се заљубите. Кога ви се допаѓа некој, не се двоумите да ги покажете своите чувства.
Иако обично брзо се опоравувате од романтичните разочарувања, овој Божиќ ситуацијата е поинаква. Ако празничната сезона е емоционално исцрпувачка за вас, одложете ги сите романтични потфати за следната година.
Поканата за состанок на Бадник, без разлика колку романтично звучи, може да ве чини скршено срце и ден поминат во тага додека другите уживаат во своите подароци. Слушајте ја вашата интуиција – вие сте почувствителни од вообичаено и ова не е време да преземате големи чекори.
Бик
Иако сакате да се преправате дека мислењата на вашето семејство не ве засегаат, длабоко во себе знаете дека тоа не е вистина – само вешто ги криете вашите чувства.. Овој Божиќ, подгответе се за фактот дека секоја, дури и најмала критика од вашите роднини ќе ве погоди посилно од вообичаено.
Коментарите за вашата кариера, љубовен живот или лични одлуки би можеле да ве остават целосно исцрпени до крајот на денот. Запомнете дека е во ред да се повлечете и да побарате мир, дури и ако тоа значи кратко бегство од сè. Семејните собири понекогаш можат да бидат неверојатно стресни.
Вага
Успеавте да соберете прекрасен круг пријатели околу вас кои ги сметате за ваше избрано семејство. За жал, Божиќ веројатно ќе ве собере со вашето биолошко семејство, наместо со луѓето со кои навистина уживате да бидете заедно.
Слично на Бикот, ќе ви биде тешко да се справите со критиките од вашите родители и други роднини. Запомнете дека вашите пријатели се тука за вас, само испратете порака. Понекогаш тие се нашите најголеми чувари на нашите срца, особено кога ни недостасува сила да се заштитиме.
Јарец
Исцрпени сте. Работевте напорно цела година, а празниците со вашето семејство можеби не се одморот на кој се надевавте. Заморот ќе продолжи да ве прогонува, правејќи ве напнати и чувствителни. Еден погрешен збор може да ве скрши.
Немојте да се изненадите ако ве преплават емоциите – во ред е да имате чувства и немојте да се срамите од нив. Ако стане премногу преоптоварувачко, слободно напуштете го семејниот собир порано. Кратката посета е подобра од далечината, а оние на кои им е грижа ќе ја разберат вашата потреба за одмор.
Пронајдете не на следниве мрежи:


