На интернет се шири нова измама која вклучува оставување на лични податоци.
По неодамнешните објави за смрт на познати личности од Македонија, како и наводните крипто инвестиции во кои беа вклучени и новинари, сега се појавуваат лажни пораки на „Whats’up“ во кои се бара наводно ажурирање на податоци и сметка.
Овојпат, измамниците се претставуваат како социјалната мрежа „Фејсбук“ и бараат ажурирање на сметката на корисниците.
Внимавајте и никако не го отворајте линкот кој е во пораката, ниту пак оставајте ваши податоци на истиот.
Еве како изгледа пораката која можете да ја добиете: