Внимателно со храната: Како да спречите прејадување по Велигденскиот пост?

По Велигденскиот пост, оброкот почнете го со супа, со помалку сол и со лимонов сок или со сок од домати. Вака приготвена, супата ќе поттикне освежување на целиот организам.
Дозирање
Изберете помала чинија и до половина наполнете ја со свежа салата, а втората половина поделете ја на две четвртини. Едната четвртина треба да содржи месо, риба или јајца, додека втората треба да биде составена од ориз, грав, тестенини или парче леб.
Избирајте јадења од свеж или обарен зеленчук, риба, посно месо, морски плодови, салати без мајонез, ориз, сирење и млечни производи со низок процент млечна маст. Можете да се почестите и со печено прасе, но нека биде парче од бут од кое сте ги отстраниле маснотиите и кожичката.


Салата пред сe
Консумирајте свежи салати од рен, цвекло, морков, зелка и зелена салата. На крај, нема да ви замериме за десертот. Изберете овошно колаче, пудинг или желе, а може и некој кекс.
Не прескокнувајте оброци
Немојте да си дозволите цел ден да гладувате, во исчекување на обилниот велигденски ручек. Не прескокнувајте оброци за да се „чувате” за богатата трпеза. Долгото гладување во текот на денот ќе предизвика непотребно прејадување, а поголемо количество храна предизвикува отекување на желудникот, премаленост и поспаност.
За предјадење, главно јадење и за десерт важи истото правило – само еднаш наполнете ја чинијата. Кога ќе го завршите оброкот, оддалечете се од масата и почнете да разговарате со пријателите, за да не мислите повеќе на храна. Набргу ќе се почувствувате сити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.