Во спортската сала “Борис Трајковски” во Скопје синоќа се одржа концертот во чест на Тоше Проески. Одново одекнаа неговите најголеми хитови, а на концертот беше промовиран и новиот албум на Тоше “Secret Place”.
Концертот почна со песната „Игри без граници“, пуштена на видео-бим, со многу емоции, насмевки и солзи. Фановите во еден глас го пееја хитот на прерано починатиот пејач. Фановите на Тоше направија уште едно ѕвездено небо за него.
На сцената први излегоа Огнен Здравковски и Денис Димоски кои ја испеаја песната „Лагала нас мала“, што Тоше ја пееше во дует со Тони Цетински. По нив настапија Александра Јанева, па Александар Тарабунов, Антониа Гиговска, Наум Петревски.