Внукот на Тоше, Кристијан ја испеа песната We Are Blood, неговата прва песна

Во спортската сала “Борис Трајковски” во Скопје синоќа се одржа концертот во чест на Тоше Проески. Одново одекнаа неговите најголеми хитови, а на концертот беше промовиран и новиот албум на Тоше “Secret Place”.
Концертот почна со песната „Игри без граници“, пуштена на видео-бим, со многу емоции, насмевки и солзи. Фановите во еден глас го пееја хитот на прерано починатиот пејач. Фановите на Тоше направија уште едно ѕвездено небо за него.
На сцената први излегоа Огнен Здравковски и Денис Димоски кои ја испеаја песната „Лагала нас мала“, што Тоше ја пееше во дует со Тони Цетински. По нив настапија Александра Јанева, па Александар Тарабунов, Антониа Гиговска, Наум Петревски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.