Колку сте точно високи? Верувале или не, но ова исто така влијае на ризикот од инфекција со коронавирусот!

Прекумерната тежината е голем ризик фактор за луѓето заразени со коронавирусот, но научниците сега тврдат дека висината исто така може да ве направи поранливи. 

Високите луѓе имаат двојно поголема веројатност да го добијат вирусот , велат експертите.

Истражувачите од Велика Британија, Норвешка и САД испитале широк спектар на лични и работни потенцијали што се поврзани со пренесувањето на вирусот Ковид-19. 

Тие пренедоа дека првите резултати од студијата, во кои учествувале 2.000 луѓе, сугерираат дека е возможно новиот вирус САРС-СОВ-2 да се пренесе преку аеросоли,  и дека високите луѓе имаат двојно поголем ризик од инфекција.

– Резултатите од оваа студија, кои ја поврзуваат и висината со дијагнозата на болеста Ковид-19, укажуваат на тоа дека преносот на новиот вирус преку респираторни капки не е единствениот механизам за пренос и е можно пренесување преку аеросоли. Ова го предложија и други студии, но наша метода е нова – рече професорот Еван Контопантелис од Универзитетот во Манчестер.

Маските се многу важни во превенцијата, напоменува професорот. 

– Иако и социјалното растојание е сè уште важно бидејќи вирусот веројатно се пренесува со капки, сепак укажува дека носењето маски може да биде подеднакво ефикасно во превенцијата – заклучи тој.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.