Сите ја обожаваа, а таа се сруши како кула од карти: Талент кој не се повторува

Поп-иконата Ејми Вајнхаус почина на овој ден пред точно девет години, по долгата борба со алкохолот и дрогата.

Ејми почина во нејзиниот дом во Камден, северен Лондон. Со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол, а непосредно пред нејзината смрт повторно почна да пие.

Ејми Вајнхаус е заслужена за растечката популарност на женските изведувачи, како и за заживување на британската музичка сцена. Нејзиниот специфичен стил ја натера да биде муза на модните дизајнери, како Карл Лагерфелд.

Иако нејзината музика ја сакаа сите генерации, покрај нејзините песни, таа беше запаметена како една од најпроблематичните познати ѕвезди на сите времиња, а скандалите за кои беше одговорна, сè уште се раскажуваат и денес.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.