Водата во Јадранското море е најтопла во последните 100 години

Кој и да се капе во Јадранското море, останува изненаден од температурата на водата, која е пријатна за капење, а според проценката на експертите таа е најтопла во последните 100 години.
Површинската температура на морето во Хрватска во моментов е околу 3 до 4 степени повисока во просек од минатиот јуни.
Јадранското море брзо реагира на климатските промени од океаните, велат експертите.
Сплитскиот научник Ивица Вилибиќ вели дека можеме да бидеме сигурни дека Јадранот ќе стане потопол ипосолен.


– Струењата ќе бидат послаби, а кислородот во длабоките слоеви ќе достигнува сѐ послабо, што ќе има значително влијание на живиот свет на дното на морето, како и на поплавување на крајбрежните подрачја. Тоа ќе има значително влијание врз живиот свет, на човекот и на неговите активности. Еднаш кога ќе го допреме дното, можеби соживотот со природата ќе стане остварлив, како на подрачјето на Јадранот така и во светот – порачал Вибилиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.