Водечкиот Баер ја продолжи победничката низа


Во последниот саботен натпревар од 22-то коло на германскиот фудбалски шампионат фудбалерите на РБ Лајпциг без поголеми напори го освоија трите домашни бода во дуелот со Борусија од Менхенгладбах. По еден погодок во секое полувреме постигна домашниот тим, а стрелци беа Чави Симонс во 14. а белгискиот напаѓач Лоаис Опенда погоди во 57. минута.

Ова е само втора лигашка победа на РБ Лајпциг во последните шест натпревари, но и покрај освојувањето на трите бода остана безбеден на петтото место на табелата со 40 бодови, бод помалку од четвртата Борусија од Дортмунд која го држи последното место кое води директно во Лигата на шампионите. Борусија од Менхенгладбах остана на 14-то место со 22 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.

Фудбалерите на Баер од Леверкузен продолжија со одличните игри оваа сезона во Бундеслигата, а на гостувањето овојпат со 2:1 го совладаа Хајденхајм. Со тоа Баер и натаму е водечки тим и дојде до 58 бодови, односно осум повеќе со натпревар повеќе од најблискиот ривал минхенски Баерн. Хајденхајм е 10-ти со 27 бодови.

Сезонава Баер забележа 18 победи и само четири нерешени резултати, без ниеден пораз.

Во продолжувањето на првото полувреме Џереми Фримпонг го доведе Баер во водство кое го удвои во 81. минута Амине Адли, а за домашните намали во 86. минута Тим Клејдинст.

Вофлсбург одигра на домашен терен против Борусија од Дортмунд. Гостите поведоа веќе во 8 минута со голот на Никлас Фулкруг а во 63 минута израмни Јаник Герхард.

Ова е седмиот првенствен натпревар на Волфсбург без победа, но добрата залиха од бодови сега 24 го одржа на 11-то место. Борусија од Дортмунд е четврта со 41 бод, пет помалку од третопласираниот Штутгарт кој оствари гостинска победа од 2:1 кај Дармштад кој останува последен на табелата со 12 бодови.

Штутгарт поведе во 14 минута со голот на Серу Жуирасо. Иако гостите во финишот од првиот дел останаа со играч помалку по исклучувањето на Паскал Штенцел, во судиското продолжение од натпреварот Махмуд Дауд го реши прашањето на победникот, да домашните успеаја само да ублажат во последната минута од продолжувањето.

Мајнц со голот на Сеп дан ден Берг во 43 минута на домашен терен го победи Аугсбург. Мајнц сега со 15 бодови е претпоследен 17-ти на табелата, седум бодови од зоната која обезбедува опстанок, а Аугсбург е 13-ти со 23 бодови.

Хофенхајм со 0:1 беше поразен на домашен терен од Унион Берлин, а стрелец беше Брендон Аронсон во 84 минута. Инаку во судиското продолжение од првиот дел и двата тима останаа со играч помалку. Прво беше исклучен кај домашните Стенли Нисоки, а три минути подоцна кај гостите Кевин Воланд.

Хофенхајм остана 9-ти со 27 бодови, а Унион Берлин сега 24 бодови го избегна последното место над зоната на испаѓање и е 12-ти.

Пронајдете не на следниве мрежи: