Водечкиот Samsung Electronics на глобалниот пазар за гејминг монитори шеста година по ред

Скопје, 22 април 2025 г. – Според најновите информации од International Data Corporation (IDC), Samsung Electronics потврди дека го задржува водечкото место на пазарот на монитори за гејминг, шестта година по ред. Во 2024 година, Samsung освоила 21,0% од глобалниот пазар на гејминг монитори, што ја потврдува нејзината водечка позиција во оваа динамична и растечка индустрија. Исто така, Samsung останува на врвот и во сегментот на OLED монитори за втора година по ред, со учество од 34,6% само две години по претставувањето на нивниот прв OLED модел.
„Нашиот успех во секторот на гејминг монитори е одраз на нашата посветеност на иновации и разбирање на потребите на модерните гејмери,“ кажа Хун Чунг, извршен потпретседател на одделението за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Од неодоливите 3D искуства до врвните OLED перформанси, ја обликуваме иднината на гејмингот.“
Продолжениот успех на Samsung е резултат на нивната моќна линија на Odyssey гејминг монитори кои дефинираат нови стандарди за интерактивно и високо ефикасно гејминг искуство.
Одyssey 3D (G90XF модел): Овој иновативен 27-инчен монитор понудува 3D гејминг без потреба од очила, со користење на технологија за следење на очи и специјална лентикуларна технологија. Преминувањето од 2D во 3D со Reality Hub, заедно со фреквенција на освежување од 165Hz и брзина на одговор од 1ms GTG, го поставува новиот стандард за реалистичност и интерактивност.
Odyssey OLED G8 (G81SF модел): Овој 27 или 32-инчен 4K OLED гејминг монитор има фреквенција на освежување од 240Hz, овозможувајќи извонредна точност на боите и извонредни перформанси благодарение на напредната QD-OLED технологија. Нуди висока густина на пиксели и време на одговор од 0.03ms GTG.
Odyssey OLED G6 (G60SF модел): Претстојниот 27-инчен QHD QD-OLED монитор со ултра-брза фреквенција на освежување од 500Hz и време на одговор од 0.03ms GTG, ќе биде достапен во втората половина на 2025 година. Овој монитор го проширува водечкиот статус на Samsung во сегментот на натпреварувачкиот гејминг.
Мониторите на Samsung користат сопствена OLED технологија на квантни точки, којашто подобрува прецизноста на боите, контрастот и осветленоста од сите агли на гледање. Овој врвен квалитет на слика и елитни перформанси ги прават омилен избор за гејмерите. Дополнително, перформансите на сите три монитори се унапредени со NVIDIA G-SYNC и поддршка за AMD FreeSync Premium Pro, нудат редуцирано сецкање на сликата и супериорен OLED гејминг. Odyssey 3D и Odyssey OLED G8 се веќе на продажба глобално, а Odyssey OLED G6 ќе биде достапен насекаде во светот во втората половина од 2025 година.
The post Водечкиот Samsung Electronics на глобалниот пазар за гејминг монитори шеста година по ред appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: