Водечки компании на Македонската берза , порасти и опаѓања на домашните компании

Македонската берза го објави билтенот за месец јули и прикажа кои се најтргувани акции на нашата берза. Исто така детален приказ има и за акциите кои што оствариле најголем пораст и најголем пад на вредноста.

Може да се забележи дека во јули имало пораст на вредноста на акциите кај осум од вкупно десет компании што го формираат индексот МБИ10.

Најголем пораст минатиот месец имало кај акциите на “Огражден Струмица”, а најголем пад е забележан кај вредноста на акциите на “Сковин”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.