Водителката во студиото занеме – репортерот се вклучи во живо од олимписките игри, а тоа што му го направи полицијата никој не го очекуваше

Инцидентот со холандскиот новинар, кој насилно беше одвлечен од кинеските редари среде пренос во живо, е изолиран случај и нема да влијае врз известувањето на странските медиуми од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Новинарот на холандската телевизија „NOS“, Сјоерд ден Дас го пренесуваше својот извештај во живо од церемонијата на свеченото отворање на ЗОИ, кога неколкумина редари го опколија и насилно го одвлекоа од местото на настанот.
Преносот беше прекинат, оставајќи ги збунети водителите во студиото на холандската телевизија.
Портпаролот на МОК, Марк Адамс, посочи дека станува збор за изолиран случај и оти холандскиот новинар набрзо по инцидентот, со помош на локалните организатори, сепак ја завршил својата задача пред камерите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.