„Водовод“ во сабота ќе го затвори главниот градски цевковод – Речиси цело Скопје без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во сабота ќе го затвори главниот градски цевковод Ф1600мм што се наоѓа во кругот на касарната во скопската населба Ѓорче Петров. Причина за затворањето е санирање на дефектот поради кој неколку дена има излевaње на вода на улицата „Никола Парапунов“ во населбата Карпош 4.

Главниот градски цевков, додаваат од претпријатието, ќе биде затворен до завршување на интервенцијата.

Од градското претперијатие велат дека имаат изготвено сложен оперативен план за санација, а покрај оваа локација опфатена е поправка и на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“.

Затвoрање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било во 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира истиот“,се вели во соопштението од „Водовод и канализација“.

Со реализацијата на овој зафат, покрај тоа што се врши санација на овие дефекти, од Претпријатието велат дека дирекно ќе се намали и загубата на вода од нивно протекување и ќе се овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош.

„Системска промена на пет децении стари затварачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа. Со воспоставувње на зони како адекватен метод за контрола на загубите на вода се овозможуваат услови за значително редуцирање на времето потребно за санација на дефекти, а овој зафат е дел од фундаменталната стратегија во намалување на загубата на вода во водоводниот систем“, додаваат од „Водовод и канализација“.

Пронајдете не на следниве мрежи: