219.082 денари или три и пол илјади евра потрошил Водовод Кочани за такси услуги за само два месеци годинава.
Од документите до кои дојде Инфомакс се гледа дека потрошени за месец март 2025 година се вкупно 97.240 денари, а за февруари 121.842 денари.


Инаку поранешниот директор на Водовод Кочани го остави претпријатието на цедило кратко по големата трагедија во Кочани. Кирил Ковачев во ист ден си дал оставка од Водовод и се вработил во АД за стопанисување со станбен и деловен простор.