Зголемени водостоите на реките, Дојранското Езеро трипати над просекотВодостоите на дел од реките во Македонија се зголемени и го надминаа ноемврискиот просек по обилните врнежи дожд кои ја зафатија државата.
Денешните мерења на УХМР покажуваат дека повисоки се нивоата на Вардар кај Велес, Демир Капија и кај Зајчев Рид во Скопје, како и на реката Брегалница кај Берово. На исто ниво како просекот за ноември е водостојот на Црна Река кај Новаци.
Се уште под ноемврискиот просек се реката Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска бања, Крива река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.
Од езерата речиси три пати е зголемено нивото на Дојранското Езеро, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се во рамки на просекот.Водостоите на дел од реките во Македонија се зголемени и го надминаа ноемврискиот просек по обилните врнежи дожд кои ја зафатија државата.