среда, 25 ноември 2026
Најново

Водостојот на Охридското Езеро е осум сантиметри понизок од вообичаеното за ноември

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 693,21 метри надморска височина, што е осум сантиметри под просечната вредност за ноември.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, езерото моментално е 11 сантиметри над дозволениот минимален водостој поставен на котата 693,1 метри. Температурата на водата денеска е измерена на 13 Целзиусови степени, што речиси целосно се совпаѓа со долгогодишниот просек за овој месец од 12,9 степени.

Поврзани вести