Воената полиција се распореди пред стратешките државни објекти

Воената полиција се распореди пред стратешките државни објекти

Припадниците на Воената полиција во Армијата на Република Северна Македонија, денеска активно се вклучуваат во обезбедувањето на објектите од витално значење, меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје. Се врши реорганизација и зајакнување на обезбедувањето на резиденцијата на Претседателот со армиско обезбедување. Обезбедувањето ќе се врши во комбинирани тимови со единиците на полицијата.

Изминатите два дена, припадниците на Армијата од своите колеги од полицијата се запознаваа со овластувањата, процедурите и задолженијата за извршување на оваа задача. Информираме дека армиските припадници, обезбедувањето на објектите ќе го вршат во армиска униформа, а на себе ќе го имаат личното формациско вооружување.

Обезбедувањето на овие објекти се прави во целосна координација со Министерството за внатрешни работи, а е врз основа на Уредбата на Владата за утврдување на задачи на Армијата во периодот додека трае вонредната состојба.

На овој начин, Министерството за одбрана и Армијата превземаат дел од обврските од Министерството за внатрешни работи и овозможуваат полициските сили да ги фокусираат своите капацитети кон задачите, чија главна цел е почитувањето на воведените владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Армијата и полицијата заеднички ги вложуваат сите свои капацитети во заштита на безбедноста и јавното здравје.

Прочитајте и ова:

Нова забрана за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.