Воени почести и високи гости на последното испраќање на Маргарет Тачер

Велика Британија, во среда, со воени почести ќе се прости од поранешната премиерка Маргарет Тачер, на последното испраќање се очекуваат голем број на гости на чело со кралицата Елизабета, додека Македонија ќе ја преставува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.Лејди Тачер почина на 8.април во 87-та година од животот, а според нејзината желба нема да биде организиран државен погреб.Исто така според желбата на „Челичната Лејди“ вооружените сили ќе имаат клучна улога во церемонијата.Во среда, посмртните останки на поранешната премиерка, во придружба на воените сили ќе бидат пренесени низ Лондонските улици до катедралата Свети Павле.Странските делегации ќе ги заземат своите места во катедралата која може да прими 2.300 луѓе, а на крајот ќе влезат членовите на семејството Тачер и кралицата Елизабета со сопругот Филип.Внуците на Лејди Тачер, мајкл и Аманда ќе ги положат перничињата со одликувањата на својата баба, а пота Аманда Тачер и британскиот премиер Дејвид Камерон ќе прочитаа два пасуса од Библијата.За време на церемонијата ќе се изведуваат дела на британски автори, според желбата на Маргарет Тачер.По свеченото испраќање ќе следува погребот на кој ќе присуствуваат само членовите на семејството Тачер, кои ги замолија луѓето наместо да купуваат цвеќе, парите да ги донираат во болницата „ Royal Hospital Chelsea“.На последното испраќање на единствената премиерка во историјата на Англија се поканети преставници од повеќе од 200 држави, територии и меѓународни организации.Велика Британија ќе ја предводи кралицата Елизабета со нејзиниот сопруг, потоа премиерот Камерон, а меѓу оние кои го потврдиле своето присуство се полскиот премиер Доналд Туск, поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, италијанскиот премиер Марио Монти и многу други.Покрај политичарите ќе има и други интересни особи, меѓу кои актерката Џоан Колинс и пејачката Ширли Бејзи.
МакфаксВелика Британија, во среда, со воени почести ќе се прости од поранешната премиерка Маргарет Тачер, на последното испра

Пронајдете не на следниве мрежи: