Возач без дозвола и со прекумерна брзина низ Скопје

Вчера, во 12.48 часот, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај на СВР Скопје го запреа возилото „фолксваген голф“ на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје. Возилото го управувал М.Е., кој возел со брзина од 104 км/ч на дел од патот каде ограничувањето на брзината е 50 км/ч. Дополнително, М.Е. не поседувал важечка возачка дозвола за управување со моторното возило. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
The post Возач без дозвола и со прекумерна брзина низ Скопје appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: