Возач му дозволил на мајмун да го вози автобусот

Возач на автобус во Индија е суспендиран, бидејќи за време на возењето му дозволил на мајмун да го држи воланот.
Како што пренесува „BBC“, превземени се мерки против возачот, иако никој од 30-те патници во автобусот во Карнатака, не се пожалил.
Меѓутоа, кога работодавците го виделе видеото, споделено на социјалните мрежи, веднаш превземале соодвети мерки против возачот.
Портпаролот од компанијата рекол дека безбедноста на патниците не смее да биде во ризик. Изгледа дека возачот, кој бил идентификуван по презимето Пракаш, непрестајно го држел воланот со една рака, наведува „BBC“, а мајмунот прилично внимателно го гледал патот пред себе, иако не е најјасно дали ја совладал намената на ретровизорот. Овој инцидент се случил во понеделникот, но компанијата за тоа дознала преку интернет.

Според зборовите на очевидците, мајмунот влегол во автобусот со еден од патниците, но одбил да се скраси на седиште, па отишол кај возачот.
Возачот тоа не го вознемирило, па му дозволил на својот нов пријател да ја превземе контролата над возилото. Според наодите, мајмунот на крајот стигнал до местото на кое тргнал, и се симнал од автобусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.