Вчера попладне возач на автобус нападнал малолетно момче во Скопје, пренесуваат од МВР.
„На 20.11.2019 во 16.00 часот во СВР Скопје, И.А.(42) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека во 13.20 часот на автобуска постојка на бул.„Александар Македонски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице – возач на автобус. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.