Прво што ми паѓа на ум е -добро е се уште има чесни луѓе и секоја чест за таквите, колку и да се. Скопјанецот Фериз Шабани деновиве во автобус со број 53 на ЈСП „Скопје“ го изгубил својот паричник. За среќа го нашол возачот Мирослав Деспотовиќ, кој веднаш го пријавил во внатрешната контрола на јавното претпријатие. Шабани веднаш бил контактиран, па паричникот полн со пари и документи си ги добил назад уште истиот ден, пренесува “Независен“.
– Пресреќен сум, плачев од радост. Во паричникот ми беше целата плата, имав 10.000 денари и 200 евра. Да не зборувам дека внатре беа мојата и личната карта на мојата сопруга, и сите други документи. Не знам како ќе преживеев без парите, до следната плата. Премногу сум благодарен што сè уште постојат чесни луѓе, вели Шабани.
Од ЈСП велат дека возачот ќе биде награден за својата чесност бедејќи тоа е редовна практика кога се враќаат вредни работи.