33-годишен возач на електричен тротинет вчера удрил во 73-годишна жена во центарот на Скопје, по што жената со тешки повреди е пренесена во болница, соопшти полицијата.
„На 06.04.2025 во 12:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, тротинет управуван од Е.Т.(33), удрил во пешакот Р.М.(73), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.