Возач од Битола возел со 139 км на час на место каде е дозволено 60 км на час

На 01.02.2026 во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола  го лишија од слобода П.Г.(22) од с.Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од Кривичен законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.

Пронајдете не на следниве мрежи: