Возач од Тетово загина кај Скудриње, со џип излетал од патот

49-годишен жител на Тетово загинал, а неговата сопруга е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на патот Маврово-Дебар, соопшти МВР.

„На 06.04.2025 во 17:50 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека на регионалниот пат Маврово– Дебар, на место викано Скудрински мост, патничко возило „ланд ровер” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(49) од Тетово, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Ш.С.. Со тешки телесни повреди се здобила негова сопруга А.С.(47), сопатничка во возилото, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител“, велат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: