Возете внимателно-коловозите наместа се влажни, а можна е и појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Поради ниските температури, на некои места е можна појава на голомразица, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопштија ЈП “Македонија пат“ и Автомотосојузот на Македонија кои апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.