четврток, 26 ноември 2026
Најново

Возете внимателно, на патиштата има голомразица и магла

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заради ниските температури во текот на ноќта и рано утрово можна е голомразица. Маглата во Тетово ја намали видливоста до 50 метри, информира Автомото сојузот на Македонија во утрионскиот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП „Македонија пат.“
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Поврзани вести