Заради магла утринава видливоста е намалена од 30 до 50 на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. Од јавното претпријатие “Македонија пат“ информираат дека од 05:40 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар која беше воведена заради врнежи од снег.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.