Возете внимателно, полицијата демне

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 58 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што им се исто толку мандатни платни налози. Откриени се и 74 останати прекршоци за кои се издадени 18 мандатни платни налози и 56 прекршочни платни налози.
Во периодот од 17.30 часот на 18.06.2019 дп 00.30 часот на 19.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 27 возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 27 прекршочни платни налози.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.