Возило удрило во ограда и канделабра кај патарината во Гостивар






МВР информира дека вчера (24 февруари) во 11.45 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица во Гостивар, товарно возило „ивеко“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 47 годишниот гостиварец Д.С. удрило во заштитна ограда и метална канделабра.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар, извести МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: