Возило удри во велосипедист и побегна

Вчера, околу 14:35 часот, во СВР Тетово стигнала дојава за сообраќајна несреќа на кружниот тек во булеварот „Маршал Тито“ во Тетово. Во инцидентот учествувало патничко возило „Фолксваген Голф“ кое удрило во велосипед возен од 55-годишниот А.А. од Тетово. По ударот, возачот со автомобилот го напуштил местото на несреќата. Велосипедистот се здобил со телесни повреди кои биле потврдени во Клиничката болница во Тетово. На местото на настанот, увидот го извршила екипа од СВР Тетово.
The post Возило удри во велосипедист и побегна appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: