Најмалку 19 лица се повредени денеска кога автомобил удрил во луѓе кои чекале на трамвајска станица во северозападниот полски град Шќечин, соопшти локалната полиција.
При бегатството, автомобилот се судрил со уште три возила, додава полицијата.
Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шќечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. Полицијата не се сомнева на тероризам.
Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.
Инцидентот се случил на фреквентна крстосница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.