недела, 29 ноември 2026
Најново

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АВТОБУС СО ПАТНИЦИ ИЗЛЕТА ОД ПАТ! Има мртви, 13 повредени лица! Стигнуваат страшни снимки од местото на трагедијата! (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајната несреќа се случила во утринските часови на патот Анкара-Истанбул, во близина на Сарај.

Приватниот патнички автобус, кој сообраќал на релацијата Анкара-Кизилџахамам, излетал од патот откако возачот ја изгубил контролата врз воланот и удрил во потпорниот столб на пешачкиот надвозник.

По пријавите од случајни минувачи, бројни медицински, полициски и противпожарни екипи беа испратени на местото на несреќата. Според првичните информации, во несреќата загинаа 4 лица, а 13 се повредени.

Повредените беа извлечени од остатоците од автобусот и со амбулантно возило беа пренесени во блиските болници. Телата на четирите жртви беа пренесени во Институтот за судска медицина по прегледот од страна на надлежните екипи. За оваа несреќа е започната истрага.

The post (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АВТОБУС СО ПАТНИЦИ ИЗЛЕТА ОД ПАТ! Има мртви, 13 повредени лица! Стигнуваат страшни снимки од местото на трагедијата! (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Поврзани вести