ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Петметарски питон проголта жена


Питон долг пет метри убил 45-годишна жена додека се враќала од својата градина во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, објавија локалните медиуми во саботата, што е најмалку петтото лице кое е убиено од питон во земјата од 2017 година.

Фарида, мајка на четири деца, живеела со своето семејство во областа Сиденренг Рапанг, а во четвртокот му кажала на својот сопруг дека оди на локалниот пазар во Калемпанг, бидејќи таму ќе дојде купувач на кого ќе му продаде чили.

Но, со оглед на тоа што помина долго време откако излегла од дома, сопругот и роднините почнале да ја бараат, изјави за индонезискиот портал Detik.com началникот на селото Суарди Роси.

Следното утро во грмушката кај предметот што несреќната жена го носела со себе кога заминала преку полето бил откриен питонот. Имал огромна испакнатост во стомакот, па мештаните, навикнати на присуство на огромни предатори во близина на нивните домови и плашејќи се од најлошото, му го расекле стомакот на питонот.

Телото на несреќната жена сосе облеката што ја носела денот кога исчезнала, било пронајдено во стомакот на змијата. Се чини дека питонот ја каснал за ногата пред да се обвитка околу неа и прво ја задушил а потоа да ја проголта.

Овој вид „мрежести“ питони го зграпчуваат својот плен со десетици остри заоблени заби и потоа го стискаат до смрт пред да го проголтаат цел. Тие се широко распространети во Индонезија и други делови од Југоисточна Азија, а познато е дека се хранат со мајмуни, свињи и други цицачи.

Извештаите за луѓе кои биле убиени од питони се исклучително ретки, но неколку луѓе починале во Индонезија последниве години откако биле проголтани цели од питони. Минатата година, жителите во областа Тинангеа во Југоисточна Сулавеси убиле питон од осум метри, кој бил пронајден како дави и јаде еден од фармерите во едно село.

Во 2022 година, една жена во индонезиската провинција Џамби е убиена и цела проголтана од питон, Во 2018 година, жена е пронајдена мртва во питон долг седум метри во градот Муна во Југоисточна Сулавеси. Официјалните лица рекоа дека жртвата, 54-годишната Ва Тиба, исчезнала додека ја проверувала нејзината градина во близина на нејзиното село.

Во 2017 година, фармер во Западен Сулавеси исчезна пред да биде пронајден жив изеден од четириметарски питон на плантажа со палми. Шестминутното видео кое тогаш го објави CBS News покажа како селаните го расекуваат трупот на питонот за да ги откријат нозете и торзото на мртвата жртва по име Акбар.

Пронајдете не на следниве мрежи: