Научниците кои што работеле на овој уред наречен “MobiLimb” тврдат дека со нивниот изум може да се совладаат ограничувањата на мобилните уреди.
За луѓето кои што нон-стоп зјапаат во екраните на своите телефони, често знаеме да речеме дека се вљубени во нив, а сега со “MobiLimb” ќе биде овозможено паметниот телефон да ја возврати љубовта кон својот сопственик.
Овој уред се состои од пет мотори, микроконтролер и сензори, а еден од научниците кои што работеле на развојот на “MobiLimb” вели дека со уредот сакале „да ги совладаат ограничувањата на мобилните уреди“.
Резултатот, како што можете да видите на видеото погоре, може да се каже дека е помалку бизарен и вознемирувачки – иако додатокот има некои интересни опции, како на пример опцијата со која го придвижува телефонот или имитира опашка на мачка, сепак, допирањето на човечката рака со кое што „се симулираат емоциите на телефонот“ изгледа бизарно.
Покрај тоа, “MobiLimb” пристигнува и со гума која што потсетува на човечката кожа, па сето тоа изгледа како предмет од некој лош хорор филм.