Насилството меѓу навивачите во Аргентина не престанува, па оваа сабота навечер пред стадионот Росарио Централ беа убиени двајца членови на една од најпознатите навивачки групи во земјата.Имено, според информациите на аргентинските медиуми, жртви се лидерот на групата „Бара брава“ Росарио Централ, Андрес „Пилин“ Бракамонте и неговиот соработник Даниел „Рана“ Атардо.Убиството се случи по натпреварот од 22. коло на аргентинското првенство, во кој Росарио Централ загуби од Сан Лоренцо со 1-0. Напаѓачите, наводно, отвориле оган врз Бракамонте и Атардо од мотор додека биле во близина на стадионот Гиганте де Аројито.Бракамонте, кој беше на чело на насилната група во изминатите 25 години, беше цел на повеќе од 30 обиди за атентат. Неговото име се поврзува со голем број кривични дела, вклучително и изнуда и перење пари, а тој минатиот петок се појави на суд по обвиненијата за семејно насилство, за што обвинителството бараше две години затвор.„Бараса брава“ се организации поврзани со многу големи аргентински клубови, често вклучени во насилство и криминални активности. Овој инцидент е само уште еден во долгата серија слични настани, а според организацијата „Салвемос ал фудбал“, од формирањето на професионалната лига во Аргентина, повеќе од 350 луѓе загинале во насилство на навивачите.Овој трагичен настан служи само како потсетник на длабоко вкоренетите проблеми во аргентинскиот фудбал, каде насилството и криминалот честопати се поврзани со страсни навивачки ривалства.Погледнете ја вознемирувачката снимка објавена на социјалните мрежи:https://twitter.com/barrabravaphot/status/1855480315260567730
Пронајдете не на следниве мрежи: