(Вознемирувачко Фото) Вечерале во ресторан среде Битола кога куче скитник го нападнало нивното 5 годишно дете – Детенцето има сериозно оштетување на окото

Семејна вечера во Битола заврши со трагедија, откако 5-годишно дете било нападнато од куче скитник додека седело со своите најблиски, пренесува 4News.

Настанот се случил во текот на викендот, а според информациите, детето прво му давало храна на кучето, но кога престанало – кучето го нападнало.

Според сведоштва, детето се здобило со повреди во пределот на лицето, при што му било повредено окото. На фотографии од местото на настанот се гледа крв, што укажува на сериозноста на нападот.

Детето било веднаш пренесено во болница, каде му била укажана лекарска помош. Засега не е познат степенот на оштетување на окото.

Граѓаните се револтирани и упатуваат критики за негрижата на институциите во справувањето со популацијата на кучиња скитници во градот.

Извор: 4News

Пронајдете не на следниве мрежи: