Возот-цистерна што експлодираше во Квебек, остави пустош, жртви и сè уште многу исчезнати луѓе зад себе

Премиерот на Канада, министерот Стивен Харпер го посети малиот град Лак Мегантик(6,000 жители) кој во саботата беше зафатен од огромен пожар предизвикан од експлозија на воз-цистерна, а сега изгледа како напуштено бојно поле.
Бројот на жртви постојано расте, бидејќи пожарот зафати голем дел од градот, вкупно 30 згради се целосно уништени, а 40 луѓе се исчезнати. Иако, 2,000 луѓе беа евакуирани, ненадејната случка ги фати сите неподготвени, па предизвика непоправлива штета. Луѓето кои ги изгубиле своите домови, моментално се сместени во засолниште, додека не се смири ситуацијата.

Пожарот бил толку интензивен што 5те пронајдени тела, досегашниот број на жртви, биле толку изгорени што тешко ќе бидат идентификувани. Пожарникарите велат дека очекуваат многу жртви заробени во пожарот да не бидат воопшто пронајдени, нивните тела целосно да бидат изгорени, исто поради интензивноста на пожарот.

Инаку несреќата се случила кога од возот со 5 вагони и 73 вагони-цистерни кој бил паркиран за ноќната смена за замена на машиновозачи, вагоните со бензин се откачиле од останатите вагони и започнале да возат сами надолу накај градот зголемувајќи ја својата брзина пред да заврши во центарот на Лак Мегантик. 

Премиерот на Канада, министерот Стивен Харпер го посети малиот град Лак Мегантик(6,000 жители) кој во саботата беше за

Пронајдете не на следниве мрежи: