Воз долг 1,5 км излегол од шините, истекле 113.000 литри нафта

Километар и пол долг товарен воз со цистерни нафта излегол од шините во САД, при што истекле околу 113.000 литри сирова нафта.

Возот на компанијата „Canadian Pacific” со 94 вагони сирова нафта излетал од шините северозападно од Минеаполис, во близина на гратчето Паркерс Прери, објави канцеларијата на шерифот.
 Во несреќата се превртеле 14 вагони, но само еден е дупнат.
 Поради студеното време и смрзнатото тло, нафтата не пробила под површината и не се очекува штета по околината, јави во четврток Al Jazeera.
 Чистењето ќе трае ден до два, објавија агенциите за заштита на околината на сојузната американска држава Минесота, и нагласија дека нема причина за загриженост.
 Ова е прва ваква несреќа откако пред три години дојде до значајно зголемување на транспортот на сирова нафта со железница од Канада во САД.
 Поради големиот пораст во производството на сирова нафта во Северна Америка, постоечките нафтоводни капацитети не се доволни за транспорт.
 Канада е најголем увозник на сирова нафта од САД, а минатата година во просек 40.000 барели нафта (околу шест милиони литри) на ден биле превезувани од САД.
 Превозот по железнички пат е во пораст од 46 отсто во последните три години, а за него активистите за екологија предупредуваат дека носи поголеми ризици од несреќи и излевање во околината, особено затоа што пругите поминуваат близу големи урбани средишта.
Makфакс
Километар и пол долг товарен воз со цистерни нафта излегол од шините во САД, при што истекле околу 113.000 литри сиров

Пронајдете не на следниве мрежи: