Воз удри во патничко возило, во кое се превезувале пет лица, кои патувале на работа. Во несреќата се повредени четири лица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и увидна екипа од Министерството за внатрешни работи утринава извршиле увид на местото на железничката несреќа.
– Утринава во 5.20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило “Ауди“ во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места. При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се телесно повредени, а две се здобиле со тешки телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот и за вршење на вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер. Ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин, во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање. По извршено тестирање, не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.