Волф ја откажа Холандија, Германија е во четвртфиналето

Голманот на Германија, Андреас Волф имаше фантастична партија со дури 17 одбрани и беше најзаслужен што неговата селекција ја совлада Холандија со 33-26.

Фантастичнио Волф буквално ја откажа Холандија, германскиот голман имаше брилијантна партија со која ја однесе неговата селекција во четвртфиналето.

Германија благодарение на неговите одбрани ја имаше контролата врз резултатот во целиот тек и на крајот дојде до убедлив триумф од 33-26. Кај Холандија Кај Смитс реализираше шест, но имаше и исто толку промашувања.

Во вториот дуел од овој термин, Данска со 33-24 ја совлада селекцијата на САД.

Покрај Волф кој беше прогласен за играч на мечот, фантастичен беше и Кнор кој постигна девет голови.

Пронајдете не на следниве мрежи: