Ја почнуваме последната недела од вонредната состојба, по што треба да започне законскиот рок за изборите. Но, сè уште нема сигнали од партиите и претседателот Пендаровски дали ќе се направи обид да се договори датум за изборите преку нова лидерска средба.
Од неговиот кабинет не откриваат дали Пендаровски почнал разговори со лидерите, велејќи дека тие се залагаат за консензус. Во меѓувреме, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се изјасни против избори во август и септември. Заев вели дека нема да се одржат избори без опозицијата.